Мобилни кранови и куло кранови

Во оваа категорија нудиме мобилни кранови и автокранови XCMG за градежништво, индустриски монтажи, инфраструктурни и енергетски проекти. Понудата вклучува кранови за сите терени (All Terrain) од серијата XCA, кранови за тешки терени (Rough Terrain) од сериите XCR и RT и автокранови од серијата XCT – од компактни модели до кранови со носивост над 100 тони. Меѓу нив е и XCMG XCA4000 – најголемиот кран на тркала во светот според носивоста, со 4000 тони, создаден за монтажа на ветерни турбини.

XCMG е кинески производител на градежна механизација со седиште во градот Сјуџоу, чија историја започнува во 1943 година. Ако барате кран за потешки и подолготрајни подигања, погледнете ги и нашите кранови на гасеници.

Барате мобилен кран или автокран за вашиот проект? Контактирајте не за понуда и совет.