Машини за чистење
Машина за чистење и дезинфекција Rego MMg Sanitizer
Машината за чистење и дезинфекција MMg Sanitizer е професионално решение за брза и ефикасна дезинфекција за подови до 327,000 кв.м /полн резервоар 110л (10 400кв.м./ч). Преку група млазници инсталирани на задниот дел од машината, средството за дезинфекција се прска низ патеката од 130 см, оставајќи ја површината целосно дезинфицирана.
MMg Sanitizer може да работи континуирано 6,5 часа и секој полн резервоар може да содржи до 110 литри течност за дезинфекција. Машината за чистење и дезинфекција MMg Sanitizer е компатибилна за сите видови на средства за дезинфекција.
Погодна е за целосно дезинфицирање на подовите на болниците, здравствените центри, супермаркетите, магацините, аеродромите и слични објекти.
Машината за дезинфекција BMg Sanitizer овозможува дезинфекција на сите подови за многу кратко време.
* Демонстрација може да се направи во базата на клиентитите или во која било од канцелариите на Инж Консулт доколку постои интерес за машината. Исто така имаме мобилни сервисни групи кои вршат поправки и сервисирање на територијата на Македонија.
* Информациите, услугите, производите и материјалите, каталозите, брошурите, техничките карактеристики, цените и комерцијалните услови содржани во оваа страница, вклучително и без ограничување, текстот, графиката, фотографиите и врските се индикативни и Инжконсулт ДООЕЛ го задржува правото да ги промени во секое време и без претходна најава.