Шумска опрема

Mулчер со гасеници Galotrax 180H

Mулчер со гасеници Galotrax 180H

Galotrax 180H е најкомпактната самоходна верижна машина со шумски мулчер во својот клас. Таа се движи лесно по секаков терен и без проблеми поминува низ тесни премини. GX 180H е одличен избор за расчистување на терени, отстранување на растителни остатоци и одржување на противпожарни просеки.

Машината е опремена со шумски мулчер BF 401H со ротор со ширина од 1500 до 2000 мм – според вашите потреби. Како и сите мулчери на Plaisance, и овој модел располага со хидраулична врата и завеси против распрскување. Специјалните куки го олеснуваат собирањето и преместувањето на мулчираниот материјал што останал на земја.

мулчер со гасеници, создадени за вас

Верижните самоходни машини на Plaisance се проектирани и развиени за да одговорат на потребите на нашите клиенти. Тие се одликуваат со одлична маневрабилност, издржливост и лесно одржување. Благодарение на верижниот погон, притисокот врз теренот е минимален, што го намалува влијанието врз биолошката разновидност.

Серија H

Нашите мулчери со гасеници од серијата H се опремени со хидрауличен систем на погон кој овозможува поголема флексибилност при работа. Пренесената моќност кон мулчерот останува стабилна и постојана, без разлика на видот на материјалот што се обработува. И не на последно место – отсуството на кардански вратила овозможува поголема амплитуда на движење на мулчерот, што придонесува за подобра прилагодливост и ефикасност на терен.

Карактеристики Опис
Шумски мулчер BF 401H
Моќност на моторот Volvo TAD581VE – 175 к.с.
Тежина 9 940 кг
Димензии Д 5.2 x Ш 2.1 x В 2.8 м
Погон Хидрауличен
Запремнина на моторот 5.13 л

 

* Информациите, услугите, производите и материјалите, каталозите, брошурите, техничките карактеристики, цените и комерцијалните услови содржани во оваа страница, вклучително и без ограничување, текстот, графиката, фотографиите и врските се индикативни и Инжконсулт ДООЕЛ го задржува правото да ги промени во секое време и без претходна најава.