Шумска опрема
Мулчер со тркала Variotrac 300
Variotrac 300 е емблематичен самооден мулчер во нашата производна програма. Овој модел е првиот развиен од брендот Plaisance пред 30 години и сè уште претставува одличен избор кога станува збор за рамнотежа помеѓу моќ и ефикасност. Тој е идеален за одржување на вегетациски бариери и секојдневно расчистување на грмушки и густа вегетација.
VT 300 е опремен со шумскиот мулчер BF 501R. Овој мулчер е зајакнат со челик со висока еластичност и HARDOX® – материјали што комбинираат издржливост и мала тежина. Нозете (полозите) се прилагодуваат во три позиции. Идеален е за одржување на ловни патеки, расчистување под далноводи, во близина на гасоводи или железнички линии.
Внатрешноста на кабината
Кabinата е целосно дизајнирана од Plaisance Equipements. Таа е сертифицирана според ROPS – FOPS (заштита при превртување и паѓање предмети) и обезбедена со Margard® стакла. Внатрешноста е климатизирана, под притисок и звучно изолирана. Воланот е прилагодлив според висината на операторот, а седиштето е пневматско за уште поголема удобност. Електронскиот дисплеј обезбедува детални информации за работата на машината, а посебен екран го прикажува видеото од задната камера.
Лесно одржување
Самоодните машини на Plaisance се дизајнирани за лесен пристап до сите механички компоненти преку сервисни капаци од двете страни – идеално за секојдневно одржување. Кабината се наклонува електрично, овозможувајќи удобен пристап до внатрешноста на шасијата. И најважно од сè – бидејќи машините се произведуваат целосно во нашата работилница во Лотарингија, резервните делови се достапни директно во нашата шумска продавница.
| Карактеристики | Опис |
|---|---|
| Шумски мулчер | BF 501R |
| Моќност на моторот | Cummins QSB6.7 – 264 КС |
| Тежина | 10 040 кг |
| Димензии | Д 6,5 x Ш 2,3 x В 2,9 м |
| Погон | Механички |
| Работна зафатнина на моторот | 6,7 л |
* Информациите, услугите, производите и материјалите, каталозите, брошурите, техничките карактеристики, цените и комерцијалните услови содржани во оваа страница, вклучително и без ограничување, текстот, графиката, фотографиите и врските се индикативни и Инжконсулт ДООЕЛ го задржува правото да ги промени во секое време и без претходна најава.