Натоварувач со тркала Shantui L76

Натоварувач со тркала Shantui L76

Моќност (kW): 209
Оперативна маса (kg): 24 800
Капацитет на кофата (m³): 5

Компанијата Shantui Construction Machinery Co., Ltd. започнала со развој на фронтални товарачи уште во 1995 година. Со повеќе од 20 модели фадроми со носивост од 1.8 t до 8 t, брендот нуди разновидни конфигурации и се докажал како производител на сигурни машини со ниски трошоци за одржување, погодни за широк спектар на примени – од работа со камени маси и јаглен до одржување на патишта и земјоделски активности.

Моделот Shantui L76 е еден од најмоќните натоварувачи со тркала во гамата на брендот. Со работна маса од 24,8 тони, кофа со капацитет од 5 m³ и номинална носивост од 7 t, овој фронтален товарач е проектиран за тешки работни услови – рудници, каменоломи, ископи и обработка на инертни материјали.

Главни предности на Shantui L76

Моќност и ефикасност – опремен со мотор со моќност од 209 kW и електронски управувана трансмисија што автоматски менува според оптоварувањето. Ова обезбедува силна влечна моќ и висока сила при копање, со поголема продуктивност и понизока потрошувачка на гориво.
Комфорт и удобност за операторот – пространа интегрирана кабина со 15% повеќе внатрешен простор, одлична звучна изолација и ергономски мултифункционален пилот-џојстик за управување со една рака.
Лесно одржување – воздушните и дизел филтрите се поставени од една страна на моторот, а сопирачките апарати се надворешно позиционирани за побрз пристап.
Адаптабилност кон различни услови – зајакнати мостови со три сопирачки апарати на предниот мост за посигурно запирање. Достапни се различни типови кофи: за песок, камен, руда и јаглен.
Сигурност и издржливост – зајакната предна и задна рамка, како и работни делови дизајнирани преку FEM анализа за отпорност на високи оптоварувања.

Технички спецификации Shantui L76

Параметар L76-C5
Вкупна моќност (kW) 209
Работна маса (kg) 24 800
Капацитет на кофата (m³) 5.0
Габарити Д×Ш×В (mm) 9445 × 3236 × 3670
Носивост (t) 7.0
Макс. висина на истурање (mm) 3540
Растојание на истурање (mm) 1220
Време на работен циклус (s) 10
Меѓуоскино растојание (mm) 3550
Максимална брзина (km/h) 39.7
Еколошки стандард (емисии) EU Stage IIIA

* Информациите, услугите, производите и материјалите, каталозите, брошурите, техничките карактеристики, цените и комерцијалните услови содржани во оваа страница, вклучително и без ограничување, текстот, графиката, фотографиите и врските се индикативни и Инжконсулт ДООЕЛ го задржува правото да ги промени во секое време и без претходна најава.