Партнери
MB Crusher
MB Crusher нуди целосна гама приклучни уреди – дробечни, пресејувачки и сортирни кофи, роторни фрези, селекциски клешти, компатибилни со градежни машини од 1,3 t до над 70 t – багери, фронтални товарачи, мини товарачи и комбинирани багер-товарачи.
MB The Crusher Solutions
MB Crusher е италијанска компанија со седиште во Fara Vicentino, Италија, со повеќе од 20 години искуство и е афирмирана како светски лидер во производството на приклучна опрема за рушење и преработка на градежни материјали. Сите производствени процеси – проектирање, инженеринг, склопување и контрола на квалитет – се реализираат во централата на компанијата, на производствен комплекс со површина над 45.000 м². MB Crusher има глобална мрежа на дистрибутери и сервисни пунктови, присутна во над 150 држави, што обезбедува навремена поддршка и снабдување со резервни делови.
Производи и главни карактеристики
MB Crusher нуди целосна линија приклучни уреди – дробечни кофи, сита/пресејувачки кофи, сортирни кофи, роторни фрези, селекциски клешти, компатибилни со градежни машини од 1,3 t до над 70 t – багери, фронтални товарачи, мини товарачи и комбинирани багер-товарачи.
- Дробечни кофи: Овозможуваат директно дробење на бетон, асфалт, камен, тули или инертни материјали – директно на градилиштето, без потреба од транспорт до надворешни постројки. На тој начин се намалуваат трошоците за транспорт, складирање и дополнителна механизација.
- Пресејувачки кофи: Дизајнирани за сортирање, пресејување, аерирање и мешање на различни материјали – инертни, почва, отпад, градежен шут и сл.
- Селекциски клешти: Наменети за избор и сортирање материјали – дрво, метал, градежен отпад – со 360° ротација и прецизна контрола, идеални за работа во ограничени простори.
- Роторни фрези: За специјализирани задачи – фрезување на бетон, асфалт или камен, рушење на тврди структури и обработка на инертни материјали.
Опремата на MB Crusher се монтира брзо и лесно на речиси секој тип багер, мини багер, товарач и друго градежно оборудување, претворајќи ги машините во мобилни центри за дробење, сортирање и рециклирање – без потреба од дополнителна специјализирана механизација.
Предности на приклучната опрема MB
- Заштеда на ресурси: Градежниот отпад се претвора во вреден рециклиран материјал за повторна употреба, со што значително се намалуваат трошоците за транспорт, отстранување и складирање.
- Флексибилност и универзалност: Широка понуда на приклучоци, компатибилни со машини од различни класи, овозможува прилагодување според потребите на секој проект.
- Сигурност и сертифициран квалитет: Опремата ги исполнува европските стандарди (CE директива, ISO сертификати), што гарантира безбедност, издржливост и долгорочно работење.