5 јуни 2020

XCMG испорачa ултра-големи GR5505 Грејдери за изградба на националните рудници во Кина

Производната база на XCMG беше домаќин на церемонијата по повод испораката на ултра-големите Грејдери XCMG GR5505, кои потоа ќе бидат испратени до два рудници со отворени јами на China Energy и ќе учествуваат во изградбата на национални рудници.

 

2019 година за XCMG е година на екстремно голема продажба на ултра-големи Грејдери за рударската индустрија. Благодарение на високиот квалитет на брендот и извонредната изведба на GR5505, XCMG ги освои сите домашни нарачки за ултра-големите Грејдери со што ја зајакнува својата водечка улога на домашниот пазар.

Извршена е и втора испорака на XCMG Грејдери за China Energy. Машините ја импресионираа компанијата со нивната продуктивност и сигурност и се покажаа како највалитетни во однос на другите бројни странски брендови. П0 продажбата и услугите на XCMG, исто така, одигра голема улога во изборот на давателот на услугите.

Водени од стратегијата на производот за „висока класа, висок квалитет, висока додадена вредност и висока тонажа“, XCMG го подобрува Грејдерот во однос на технологијата и неговата адаптација кон работните услови. Големиот GR5505 е оценет од Федерацијата за машини во Кина како водечка машина не само на кинескиот пазар, туку и во светот.

XCMG постојано ја подобрува својата технологија и ги подобрува своите производи. Новата генерација GR5505 Грејдер има подобрена моќност, полесно одржување, подобро прилагодување кон ниските температури, а нејзините оперативни трошоци во текот на целиот работен век се значително намалени.
После длабоко проучување на домашниот и странскиот пазар, XCMG гради добри партнерства со големи домашни рударски компании, а производите на компанијата се широко распространети во енергетските региони како Шанкси, Шанкси, Внатрешна Монголија, Ксинџијанг и Тибет.

Во исто време, XCMG производите се појавуваат и на странските пазари како Австралија, Русија, Индонезија, Демократска Република Конго и други. XCMG Грејдерите се исклучително издржливи во најразлични климатски услови.Тоа значи од екстремно ниски до екстремно високи температури.

„Оние што се трудат секогаш успеваат“. XCMG ќе продолжи да создава производи со висока технологија со „напредна технологија и издржливост“, овозможувајќи и на компанијата да освојува глобални пазари на високо ниво.